Специфична проектна компонента за Косово*
Проектот ќе продолжи да обезбедува поддршка на Косовската затворска служба со цел да се обезбеди одржливо спроведување на инструментите за проверка, проценка на ризик и потреби и индивидуален пристап кон рехабилитација на НЕЗ, фокусирајќи се исто така на подготовката за ослободување и развојот на Програмата за Рехабилитација и реинтеграција. Дополнително, проектот ќе им овозможи на Косовската пробациска служба и другите агенции, граѓанското општество, давателите на услуги да ги подобрат своите професионални стандарди во обезбедувањето поддршка после казната и ќе им помогне на корисниците да воспостават програми за вработување и стручна обука кои можат да придонесат за реинтеграција на НЕЗ додека издржува затворска казна или по ослободување. Предизвиците на соработка и координација меѓу различните актери во општеството кога станува збор за подготовката за ослободување и пост-казнената фаза, вклучувајќи ги агенциите, граѓанските организации и другите меѓународни партнери, ќе бидат тема на проектните активности на регионално ниво, заедно со други аапрашања како што се превенција на менталното здравје на оваа категорија затвореници, проценки на потребите на жените меѓу затворската популација од оваа категорија, проценки за напредокот во однос на рехабилитацијата во контекст на можната примена на институтот за условно и предвремено ослободување и примената на санкциите и мерките во вид на општокорисна работа. * Оваа ознака не ги доведува во прашање позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата за независност на Косово.