Постпенална поддршка
Оваа област се однесува на зајакнување на пост-казната поддршка за целосна реинтеграција на ОЛНЕ и безбедно враќање во нивните заедници, со вклучување на сите релевантни чинители во процесот (семејства, ментори, локална заедница и агенции, итн.). Оваа приоритетна област ќе се надоврзе на наодите, заклучоците и препораките кои произлегуваат од дискусијата помеѓу шесте корисници на регионалните тематски состаноци на работните групи одржани на тема Подготовка за отпуст, пост-пенална помош и реинтеграција на осудените лица насилни екстремисти во Западен Балкан Регион. Понатаму, заклучоците и препораките од повеќе од 30 локални форуми одржани низ Западен Балкан (за координирање на повеќеагенциски пристап за поддршка на ОЛНЕ по отпуст и ангажман на локалните агенции и заедници за поддршка на реинтеграцијата на ОЛНЕ во општеството), ќе бидат земени како основа за продолжување на изградбата на структурата поставена според HFIII. Акцијата ќе го прошири својот опсег со вклучување други групи маргинализирани и ранливи затвореници, подложни на радикализација, адресирање на нивните потреби и обезбедување холистички системски пристап со вклучување на различни агенции и сектори од централно до локално ниво (одговорни за социјално, образование, здравство, вработување политики и нивно спроведување), семејства, ментори, граѓански организации, верски заедници, професионални здруженија, деловни заедници итн.