Што е Хоризонталниот инструмент II?

Што е Horizontal Facility?

Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) 2019-2022 е иницијатива за соработка на Европската унија и Советот на Европа за регионот на Западен Балкан и Турција. Ова е еден од резултатите од изјавата за намери потпишана на 1 април 2014 година од страна на генералниот секретар на Советот на Европа и комесарот за проширување и евро соседска политика на Европската унија, во кој двете организации се согласија да ја зајакнат својата соработка во клучни области од заеднички интерес.

Во првата фаза од програмата беа вклучени разни кориснички специфични и регионални иницијативи и истата траеше од 2016 до 2019 година. Втората фаза од програмата (вредна 41 милион евра помеѓу 2019 и 2022) продолжува да ги гради резултатите од првата фаза и ги проширува тематските области на нови теми клучни за регионот – слобода на изразување и медиуми.

Втората фаза од програмата ќе покрие активности во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и Турција и регионалната димензија на програмата ќе биде зајакната. Механизмот за координација на експертизата кој обезбедува законодавна експертиза и совети за политики во рамките на системот на Советот на Европа ќе остане важен дел од програмата достапна за сите корисници.

Колку ќе трае Horizontal Facility II?

Horizontal Facility е тригодишна програма, која ја спроведува Советот на Европа од мај 2019 во период од 36 месеци.

Колку чини Horizontal Facility II?

Фондот за програмата изнесува околу 41 милиони евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Што ќе направи Horizontal Facility II?​​​​​​​

Horizontal Facility им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да ги почитуваат европските стандарди, вклучително и онаму каде е релевантно во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Horizontal Facility се потпира на единствените методи на работа на Советот на Европа, при што активностите за техничка соработка по мерка се засноваат на заклучоците и препораките на телата за следење на Советот на Европа, ги истакнуваат областите каде што се потребни подобрувања во законодавството и политиките на корисниците за усогласување со договори на oрганизацијата и други стандарди.

Темите опфатени со Horizontal Facility вклучуваат:

  • Обезбедување правда;
  • Борба против економскиот криминал;
  • Борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (вклучително и ЛГБТИ, малцинствата и Ромите) и
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите.

Сите теми се клучни приоритети на двете организации во регионот на Западен Балкан и во Турција.

Сите активности на Horizontal Facility ќе ги опфатат меѓусекторските прашања како што се вклучување на родовите аспекти во главните политики, заштитата на малцинствата и ранливите групи и на ангажирање на организации на граѓанското општество во спроведувањето на програмата.

Како работи Horizontal Facility II?

Активности што треба да се преземат со корисниците на Horizontal Facility беа дизајнирани врз основа на препораки кои произлегуваат од телата за набљудување и мислења/советодавни тела на Совет на Европа и беа приоритетни во рамките на преговорите за проширување на Европската унија.

Horizontal Facility следи двостран пристап, вклучувајќи техничка помош и правни/совети за политики:

  • Техничката помошво рамките на Horizontal Facility се заснова на “триаголникот” на Совет на Европа за стандардно поставување, мониторинг и соработка што претставува најсилна компаративна предност на Советот на Европа. Оттука, активностите што треба да се спроведат ќе ги решат недостатоците утврдени од мониторинг/експертски тела на Советот на Европа за обезбедување правда, борба против економски криминал и борба против дискриминација, со цел поддршка на Horizontal Facility корисниците во исполнување на зголемената усогласеност со стандардите на Совет на Европа. Покрај тоа, спроведените активности ќе имаат за цел да го олеснат напредокот на претпристапните корисници во однос на имплементација на поглавјата 23 и Ова ќе се направи преку различни активности како што се семинари за обука, проценки (на пример, за спроведување на одредени делови од законодавството или стратешки документи, институционални аранжмани, оперативни капацитети на одредени институции), поддршка за изготвување на нови законодавни одредби/стратешки документи /методологии, упатства/прирачници итн., и размена на добри практики.
  • Механизмот за координација на експертизаќе обезбеди експертиза во рамките на системот на Советот на Европа за да одговори на барањата за законодавната експертиза и совети за политика за обезбедување правда, борба против економски криминал и борба против дискриминација, како и слобода на изразување и медиуми и уставни прашања и спаѓа во мандатот на Европската комисија за демократија преку закон (позната како Венецијанска комисија). Ова ќе се направи во целост со почитување на независноста и функционирањето на специфичностите на механизмите за набљудување на Советот на Европа и ќе обезбеди клучна поддршка за пристапните процеси во ЕУ.

Главните партнери во дефинирањето и спроведувањето на оваа програма вклучуваат – во зависност од предметната тема – министерства за правда, внатрешни работи, здравство, образование, човекови права и надворешни работи; судови, обвинителски служби и судски надзорни тела; структури на јавното управување со специфични одговорности во соодветните области како што се антикорупција, перење пари или борба против трговија со луѓе; народен правобранител, органи за спроведување на законот; казнено-поправни установи; правни професионалци; граѓански организации и образовни институции. Министерствата за надворешни работи и / или институции за европска интеграција се клучни партнери во координацијата на Horizontal Facility.

Кој го координира Horizontal Facility II?

Механизмот за координација помеѓу Советот на Европа, Европската унија, теренските канцеларии на Совет на Европа, делегациите на Европска унија и таканаречените координатори на Horizontal Facility од страна на корисниците (службеници од министерствата за надворешни работи или канцелариите за европски интеграции назначени од надлежните органи да дејствуваат како фокусни точки за имплементација на Horizontal Facility) беа основани за да се обезбеди инклузивна и сеопфатна координација помеѓу Советот на Европа, Европската унија, засегнатите страни и партнерите во засегнатите области, како и со останатите меѓународни институции.

Овој механизам за координација ќе обезбеди синергија со други постојани и планирани активности во регионот и ќе обезбеди опипливи и одржливи резултати за крајните корисници и пошироката јавност.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото