Градење на капацитети и обука

Во рамките на оваа тематска област, акцијата се фокусира на градење на капацитети, обука и подигање на свеста на затворскиот и пробацискиот персонал што се занимава со затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ) преку обезбедување форум на корисниците за споделување на нивните искуства, добри практики и научени лекции. Тргнувајќи од трудовите за добрите пристапи, практики, идентификувани слабости и научени лекции, ќе се изработи заедничка методологија што ќе се применува низ целиот регион, каде јасно ќе се презентираат наодите и препораките за унификација на методологиите за обука во регионот.

Со цел затворските и пробациските службеници да можат успешно да го  детектираат екстремистичкото однесување и да ги препознаат знаците на радикализација, тие треба да бидат соодветно обучени за да ја разберат разликата помеѓу екстремистичкото однесување и нормалните практики и да воспостават позитивна врска со ЗНЕ заснована на концептот на динамична безбедност. Затоа, континуираната обука на специјализираниот персонал треба да се спроведува паралелно со сесиите за подигнување на свеста на затворските и пробациските служби за радикализацијата и техниките за идентификација. Специјализирана обука за лицата кои се на првата линија на фронтот и формирањето на мултидисциплинарни тимови е еден од главните предуслови за ефективна рехабилитација на ЗНЕ, додека заеднички сесии за обука за затворските и пробациските службеници, каде што е можно, се многу корисни за да се обезбедат усогласени пристапи и мулти-агенциска соработка.

Новости

Добро обучен затворски и пробациски персонал е предуслов за успешно...

6-7 јули 2020

Место : Онлајн

На втората Регионална сесија на работната група на тема „Јакнење на капацитетите и обука на вработените во затворските и пробациските служби за справување со радикализацијата...

Подобрување на понудата на обуки во регионот на Западен Балкан...

12-13 декември 2019 година

Место : Тирана, Албанија

Советот на Европа им помага на шесте земји кориснички на хоризонталниот инструмент на Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија...

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото