Подобрување на понудата на обуки во регионот на Западен Балкан во врска со радикализацијата во затворите

12-13 декември 2019 година

Место : Тирана, Албанија

Советот на Европа им помага на шесте земји кориснички на хоризонталниот инструмент на Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во надминувањето на недостатоците и практичните проблеми и во градењето синергии низ целиот регион во врска со идентификување и рехабилитација на сторителите на дела на насилен екстремизам во затворите.

Во таа насока,  практичарите кои работат во затворите и во пробациските служби се состанаа во Тирана на 11-12 декември 2019 година, каде разменија мислења за добрите пристапи, научените лекции и слабостите во однос на воведувањето и обуката на вработените за насилен екстремизам и радикализација. Како резултат, ќе се изготви документ за дискусија, во кој јасно ќе се потенцираат позитивните практики и ќе се дадат препораки за понатамошно зајакнување на основната методологија за подигање на свеста и напредната обука поврзана со оваа тема. Размената на искуства несомнено ќе придонесе кон поставување на заеднички пристапи за спречување и борба против насилниот екстремизам и радикализација во затворите во регионот.

Оваа активност беше организирана во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“ и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото