Прва сесија на Работната група за алатки за рехабилитација на сторителите на дела на насилен екстремизам (СДНЕ)

16 април 2020 година

Место : Онлајн

Првата сесија на работната група (РГ) за развој на алатки за рехабилитација на сторителите на дела на насилен екстремизам (СДНЕ) на Косово* му ги обезбеди  на меѓународниот консултант на СЕ потребните локални инпути потребни за изработка на специфичните алатки и програми за идентификација и рехабилитација на СДНЕ.

Учесниците разменија мислења и за обемот на структурата и примената на првичниот процес на скрининг за насилен екстремизам и радикализација во затворите во Косово. Како резултат на тоа, консултантот започна со изработка на првите два продукти: знаците за радикализација и основната алатка за скрининг за идентификување на насилното екстремистичко однесување и радикализацијата во затворите, со придружни упатства за неговата примена.

РГ е составен од претставници на Поправната служба на Косово кои доаѓаат од различни затвори и вработени од Пробациската служба на Косово, а нејзината работа е поддржана од еден меѓународен консултант на СЕ. Сесијата на РГ се одржа во писмена форма преку размена на е-пошта и комуникација преку Скајп.

Оваа активност беше организирана во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“ и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото