2-ра он-лајн сесија за пилотирање на специфичните алатки за ОЛНЕ во затворите во Косово*

28 јуни 2021

Место : преку Интернет

Советот на Европа продолжува да го поддржува пилотирањето на алатката за скрининг,
инструментот за проценка на ризик и потребите, како и програмата за рехабилитација на осудените
лица насилните екстремисти (ОЛНЕ) во два затвора на Косово, имено во Затворот за висока
безбедност и затвор Дубрава.
На 28 јуни 2021 година, како дел од процесот што внимателно се надгледува од страна на
консултантите на СЕ, обучен персонал на мултидисциплинарни тимови (МДТ) од двата затвори
присуствуваше на втората он-лајн сесија. На овој состанок тие ги споделија своите први впечатоци
за применливоста и корисноста на овие алатки во рамките на косовските затвори и добија
практични упатства од консултантите.
Персоналот на МДТ исто така изјави дека сега се чувствуваат посигурни благодарение на
поддршката од консултантите на СЕ. Тие ја изразија својата мотивација и ентузијазам кога станува
збор за примена на овие алатки во пракса, меѓутоа, исто така, покренаа потенцијални предизвици
во врска со спроведувањето на програмата за рехабилитација.
Оваа активност беше спроведена во рамките на Акцијата „Јакнење на пенитенцијарните капацитети
за справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“, која е дел од заедничката
програма „Horizontal Facility за Западот Балкан и Турција (2019-2022)“, финансирана од Европската
унија и Советот на Европа, а спроведена од Советот на Европа.

_____________________________________________________________________________________________________________________

*Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и  е во согласнос со резолуцијата 1244 на ООН  и мислењето на МСП за Декларација за независност на Косово.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото