Дополнително зајакнување на координацијата помеѓу локалните засегнати страни за реинтеграција на ОЛНЕ во регионот на Западен Балкан

30 јуни и 2 јули 2021

Место : Сараево, Скопје, Бјело Поjeе

 Европската унија и Советот на Европа продолжуваат да им помагаат на властите од регионот на Западен Балкан во зајакнувањето на мулти-агенциската соработка во спречување на радикализација во затворите и помагање на рехабилитација и реинтеграција на осудените лица насилни екстремисти (ОЛНЕ) во општеството.

Локалните форуми за координација, организирани од грантистите на акцијата, ги обединија затворските тимови, кои работат со радикализираните осудени лица и ОЛНЕ, и локални агенции и организации кои обезбедуваат поддршка за оваа категорија на осудени лица по нивниот отпуст. Учесниците заклучија дека оваа комплексна задача никогаш не треба да биде единствена обврска на казнено-поправните служби, истакнувајќи ја потребата од континуирано вклучување на разни локални институции и навремено споделување на информации. Се разговараше и за нивните идни одговорности и активности при подготовка на плановите за отпуст и пристапите за реинтеграција кои треба да бидат во согласност со специфичните ризици и потреби на поединецот.

Mинатата недела се одржаа три такви форуми:

– 30 јуни 2021 година во Сараево, Босна и Херцеговина, со фокус на новиот државен затвор лоциран во Сараево;

– 02 јули 2021 година во Скопје, Северна Македонија, со фокус на затворите Идризово и Скопје; и

– 02 јули 2021 година во Бјело Поље, Црна Гора, со фокус на затворот во Бјело Поље

Оваие активност беа организирани под покровителство на договорите за грант потпишани  во рамките на Регионалната Акција „Зајакнување на казнено-поправните капацитети во справувањето со радикализација во затворите на Западен Балкан“ која е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022.

 

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото