Експертите од регионот на Западен Балкан започнуваат со активноста на тутори на ХЕЛП на курсот за превенција на радикализацијата

6-7 октомври 2020 година

Место : Онлајн

Локални консултанти од сите 6 корисници на Хоризонталниот инструмент учествуваа на онлајн обука на обучувачи (ОнО) за методологијата ХЕЛП во рамките на курсот за превенција на радикализацијата.

ОнО беше првична подготовка на обучуваните лица за нивната улога како идни обучувачи на ХЕЛП, кои ќе го прилагодат курсот на локалната правна рамка и специфични околности, а подоцна и ќе модерираат и ќе го проценат спроведувањето на курсот за затворскиот и  пробацискиот персонал во поединечните корисници на Западен Балкан.

Учесниците добија увид во ХЕЛП програмата и нејзината методологија заедно со широк спектар на алатки за е-учење и техничките предности што ги нуди. Од практична страна, тие научија од искуството за спроведување на курсот за спречување на радикализацијата ХЕЛП во Шпанија и какви тешкотии може да се очекуваат и како да се ублажат тие предизвици за време на раните фази на планирање. Тие исто така се здобија со вештини за тоа како да ги мотивираат обучуваните лица да го извлечат максимумот од платформата за е-учење ХЕЛП како интерактивен извор на знаење.

Курсот ХЕЛП за превенција на радикализација за затворските и пробациските служби ќе започне во регионот на Западен Балкан во почетокот на 2021 година.

Активноста беше спроведена на 6–7 октомври 2020 година, во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите во Западен Балкан “, која е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа  „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото