Затворските и пробациските службеници на Западен Балкан обучени за спречување на радикализација

8 април 2021

Место : Онлајн

Избрана група од 145 затворски и пробациските службеници, кои доаѓаат од сите шест корисници на Западен Балкан[1], го подобруваат своето знаење за справување со радикализацијата во затворите и отргнување на сторителите од насилство со учество на  HELP курсот за спречување на радикализацијата.

Курсот беше прилагоден на специфичните локални околности на секој корисник и започна соодветно во периодот од февруари до април 2021 година. Последниот виртуелен настан за започнување се одржа на 8 април 2021 година во Босна и Херцеговина. Затворските и пробациските службеници од Северна Македонија и Косово* веќе го завршија курсот, додека останатите корисници ќе го финализираа до јуни 2021 година.

Благодарение на овој он-лајн курс, затворските и пробациските службеници го подобруваат нивното разбирање за релевантните меѓународни стандарди и домашната правна рамка. Понатаму, тие стекнуваат практични вештини за идентификување на радикализацијата и справувањето со насилното екстремистичко однесување, корисно за нивната секојдневна работа. Откако курсот ќе биде завршен кај сите корисници, тој ќе биде отворен за дополнителен број на затворски и пробациски службеници од регионот, со што се максимизира нејзиното опфаќање на стручните лица кои се занимаваат со превенција и справуање со насилниот екстремизам.

ХЕЛП курсот за превенција од радикализација беше започнат во сите шест корисници на Западен Балкан во рамките на регионалната акција “Зголемување на казнено-поправните капацитети за решавање на радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022″, спроведен од Советот на Европа.

[1] Албаниа, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Македонија и Србија

 

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото