Нова веб-страница / веб-платформа за справување со радикализацијата и насилниот екстремизам во затворите

16 февруари 2021

Место : Стразбур

Засегнатите страни, клучните актери како и службениците во областа на казнено-поправните установи и пробациски служби во Западен Балкан, но и пошироката јавност која има интерес во оваа област, сега можат да пристапат на новата веб-страница / веб-платформа, опфаќајќи различни аспекти на борба против насилниот екстремизам и радикализацијата во затворите. Интернет-страницата и веб-платформата https://wbregionprisons.coe.int, достапни на англиски и на локалните јазици од Западен Балкан, се развиени со поддршка на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022”, регионална акција „Зголемување на казнено-поправните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“.

Веб-страницата е отворена за сите посетители и нуди широк спектар на корисни информации, вклучувајќи преглед на главните алатки и документи за радикализација во затворите и оттргнување од насилство, произлезени во рамките на акцијата, но и упатува на релевантни правни инструменти, публикации на Советот на Европа (СЕ) и врски со други институции и организации. Покрај тоа, заинтересираната публика може да најде корисни материјали за различни сродни теми, како што се проценка на ризик и потреби на насилни екстремистички затвореници (ВЕП), нивна постапка за рехабилитација и реинтеграција во општеството и градење на капацитетите на затворските и пробациските службеници вклучени во управувањето со ВЕП.

Од друга страна, посветената веб-платформа за затворските, пробациските и други службеници од сите 6 корисници на Западен Балкан кои работат на спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам (СНЕ/БТ ), им нуди можност на редовна интеракција и комуницираат меѓу себе . Со доделување пристап до платформата, тие ќе можат да разменуваат документи поврзани со СНЕ/БТ, како и да споделуваат искуства и практики, со што ќе ја подобрат регионалната соработка и целокупната безбедност кај сите 6 корисници.

Интернет-страницата и платформата https://wbregionprisons.coe.int, се креирани во рамките на Регионалната акција „Зголемување на казнено-поправните капацитети во справување о радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022”, спроведувана од Советот на Европа, со цел да им помогне на корисниците во Југоисточна Европа да ги почитуваат стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската унија во рамките на процесот на проширување, кога тоа е релевантно.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото