Он-лајн обука за спроведување на Договорите за Грант

20 АПРИЛ 2021

Место : ОНЛАЈН

Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ предвидува грант-шема за корисниците како поддршка за воспоставување на локална мулти-агенциска координација, што ќе поттикне повторна интеграција на ослободените радикализирани и насилните екстремистички осудени лица во општеството.

На 20 април 2021 година, претставници на институциите и организациите корисници на грантовите од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово*, добија обука за практичните аспекти на спроведувањето на грантовите и подготовка на извештаите, вклучувајќи ги и обрасците дизајнирани специјално за грант-шемата , во согласност со програмските и финансиските правила и процедури на Советот на Европа.

Главната цел на грантовата шема беше презентирана и дискутирана со учесниците, кои изразија подготвеност и посветеност за целосно спроведување на договорените работни планови согласно Договорите, откако ќе се создадат предусловите за организирање на состаноци со физичко присаство.

Договорите за грант беа потпишани со пет корисници на Западен Балкан во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ која е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Horizontal Facility за Западот Балкан и Турција 2019-2022 година “, спроведена од Советот на Европа.

*Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата на ОН 1244 и Мислењето на МСП за косовската декларација за независност.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото