Првиот грант потпишан во рамките на Регионалната акција за решавање на радикализацијата на Западен Балкан

20 мај 2020 година

Место : Стразбур / Приштина

Потпишан е првиот грант за организирање на локални меѓуагенциски форуми за координација за унапредување на управувањето и рехабилитацијата на  затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ) во Косово*. Примателот на грантот, поточно Поправната служба на Косово (ПСК), ја потврди својата посветеност кон обезбедување ефикасна и одржлива мулти-институционална соработка, како клучен предуслов за успешна реинтеграција на ЗНЕ во општеството.

Одговорноста за спречување на екстремистички дела, управување со строители на екстремистички дела и нивно успешно интегрирање во општеството не е одговорност само на поправните служби, туку на разни агенции и организации. Тука може да се вклучи полиција, разузнавачките служби, агенциите за вработување, социјалните работници, општините, верските претставници и граѓанското општество.

Како резултат на подготвителниот состанок помеѓу Советот на Европа, ПКС и ИЦИТАП, што се одржа на 20 мај 2020 година, ПКС ќе достави детален план за работа за организација на осум (8) меѓуагенциски форуми, почнувајќи од Септември 2020 година

Грантовите ќе се реализираат во рамките на Регионалната акција „Јакнење на казнено-поправните капацитети за решавање на радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022 година“ спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото