Прв локален координативен форум за реинтеграција на осудени-лица насилни екстремисти (ОЛНЕ) во Босна и Херцеговина (БиХ)

10 јуни 2021

Место : Босна и Херцеговина-Добој

Првиот локален координативен форум за спречување на радикализацијата во затворите, рехабилитација на ОЛНЕ и нивна реинтеграција во општеството на БиХ по отпуст од затворите, се одржа во Добој на 10 јуни 2021 година. Форумот овозможи поширока дискусија меѓу сите релевантни чинители за нивната одговорност и активности за решавање на ова прашање и потребата за понатамошно унапредување на соработката помеѓу релевантните локални агенции и организации.

Учествуваа дваесет и пет учесници кои ги претставуваа затворските установи во Зеница и Добој, центрите за социјална заштита, центрите за ментално здравје, Министерствата за внатрешни работи, Министерствата за правда, канцеларија на Регионална агенција за разузнавање и безбедност и Регионална канцеларија на Агенцијата за истраги и заштита во дискусијата.

Сите учесници се согласија дека мулти-секторскиот пристап и сеопфатната проценка на ризик и потреби се клучни во отргнувањето на ОЛНЕ од насилство и поттикнување на нивната социјална интеграција по излегувањето од затвор. Според мислењето на управата и вработените во затворите, развојот на индивидуалните програми за третман се императив предуслови за успех, додека само прилагодените планови за реинтеграција, со учество на релевантни локални актери во процесот, ќе обезбедат успешна реинтеграција на ОЛНЕ во нивните заедници.

Активноста беше организирана од страна на  Атлантската иницијатива на ГО од Сараево во тесна соработка со властите на БиХ, под покровителство на договорот за грант потпишан во рамките на Регионалната акција „Зајакнување на казнено-поправните капацитети за справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“, што е дел од заедничка програма на Европската унија / Совет на Европа Horizontal  Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022 година.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото