Советот на Европа го поддржува пилотирањето на инструментите и програмата специфични за ВЕП во регионот на Западен Балкан

Место : Косово* и Србија

Советот на Европа продолжува да го поддржува пилотирањето на инструментите и програмата специфични за ОЛНЕ во Косово* и Србија.

Во Косово, 4 месеци по почетокот на пилот -фазата во два затвори (Затвор со висока безбедност и затвор Дубрава), вклучениот затворски службеници ги пренесоа предизвиците со кои се соочија и напредокот кој го постигнаа за време на тренинг сесијата преку Интернет, што се одржа на 23 септември. Инструментите специфични за ОЛНЕ, како што се основната алатка за скрининг и длабинската алатка за проценка на ризик и потреби (ПРП), досега се докажани како применливи во локалниот пенитенцијарен контекст и неговите карактеристики, додека прирачникот и програмата за рехабилитација ќе бидат пилотиран во претстојниот период до крајот на ноември. Иако нема сомневање дека постигнатиот напредок може да се припише на професионалноста и посветеноста на раководството и персоналот на затворот, одредени фактори се покажаа како одлучувачки. Тоа се мултидисциплинарен пристап, редовна комуникација и споделување информации помеѓу персоналот за безбедност, третман и разузнавање, како и систематска обработка и употреба на информации добиени преку директна примена на алатките.

Слично на тоа, во Србија, обучен мултидисциплинарен затворски персонал, кој доаѓа од Специјалниот затвор „Забела“ во Пожаревац и окружниот затвор во Белград, ја започна пилот-фазата на инструментите и програмата специфични за ОЛНЕ, развиена за да ги задоволи специфичните потреби на корисникот и оваа категорија притворени лица. Процесот беше инициран кон средината на септември и се планира да заврши до крајот на годината, под строг надзор на консултант од СЕ.

Процесите на Пилотирање се поддржани и имплементирани во рамките на Акцијата „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“, која е дел од заедничката програма „Horizontal Facility за Западот Балкан и Турција (2019-2022)“, финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа и имплементирано од Советот на Европа.

 

 

*Оваа ознака не е во спротивност со ставовоте за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 НА Обединетите Нации и мислењето на МСП за Декларацијарта за независност на Косово.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото