Подготовка за ослободување и пост-пенална помош

Под оваа тематска област, акцијата се фокусира на подготовка за ослободување и помош за затворениците насилни екстремисти (ЗНЕ) по нивното ослободување од затвор, обезбедувајќи форум на корисниците и на релевантните надворешни чинители за да ги споделат своите искуства, добри практики и научени лекции. Врз основа на изработените трудови за добри пристапи, практики, идентификувани слабости и научени лекции, ќе се изработат матрици со препораки за унификација на алатките, структурите и процесите за постапување со лицата пред ослободување и за давање пост-пенална помош во регионот.

За успешна реинтеграција во општеството важно е процесот на реинтеграција да започне веднаш штом лицето биде затворено следејќи ја програмата за рехабилитација изготвена спрема нејзините / неговите идентификувани ризици и потреби. Проценката на ризиците и потребите на секој ЗНЕ треба да продолжи во текот на отслужување на казната. Мултидисциплинарниот пристап и континуираната меѓуинституционална соработка се важни со цел да се подобрат изгледите за нивна успешна реинтеграција во општеството.

Новости

Меѓу-институционалната соработка е од најголема важност за подготовка за ослободување...

04-06 ноември 2020 година

Место : Онлајн

Втората сесија во рамките на регионалната работна група (РГ) на тема „Подготовка за ослободување и пост-пенална помош на СДНЕ“ дискутираше за потребите и силните страни...

Дискусија околу пост-пеналната помош за сторителите на дела на насилен...

21-22 јануари 2020 година

Место : Скопје, Северна Македонија

Советот на Европа им помага на шесте земји кориснички на хоризонталниот инструмент на Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија...

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото