Дискусија околу пост-пеналната помош за сторителите на дела на насилен екстремизам во регионот на Западен Балкан

21-22 јануари 2020 година

Место : Скопје, Северна Македонија

Советот на Европа им помага на шесте земји кориснички на хоризонталниот инструмент на Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во надминувањето на недостатоците и практичните проблеми и во градењето синергии низ целиот регион во врска со идентификувањето и рехабилитацијата на сторителите на дела на насилен екстремизам во затворите.

Во таа насока, практичарите во затворите и пробациските служби, социјалните работници и претставниците на координацијата на СДНЕ од регионот се состанаа во Скопје на 21-22 јануари 2020 година, каде разменија мислења за добрите пристапи, научените лекции и слабостите во однос на подготовките за ослободување и пост-пеналната помош на сторителите на дела насилен екстремизам. Како резултат на тоа, идентификувани се практичните недостатоци и добрите практики за понатамошно зајакнување на помошта за СДНЕ по нивното ослободување од затвор, преку примена на холистички мулти-агенциски пристап со цел да се подобрат изгледите за нивна успешна реинтеграција во општеството.

Оваа активност беше организирана во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“ и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото