Рехабилитација и дистанцирање од насилство

Во рамките на оваа тематска област, акцијата се фокусира на рехабилитација на сторителите на дела на насилен екстремизам во затворите (СДНЕ) и нивно дистанцирање  од насилство преку обезбедување на форум за корисниците за споделување на нивните искуства, добри практики и научени лекции кога станува збор за насочени интервенции, програми за третман и рехабилитација на СДНЕ. Врз основа на изработените трудови за добри пристапи, практики, идентификувани слабости и научени лекции, ќе се изработи заедничка методологија што ќе се применува низ целиот регион, каде јасно ќе се презентираат наодите и препораките за „идните чекори“ во регионот.

Во текот на затворската казна и врз основа на индивидуалната проценка на ризик и потреби, се развиваат насочени интервенции за да се решат специфичните потреби на поединците и да се поддржат на нивниот пат кон дистанцирање од насилство. Важно е фокусот да се насочи кон мотивирање на СДНЕ да учествуваат во рехабилитацијата, преку градење доверлива комуникација, прилагодување на интервенциите на индивидуалните потреби на сторителите и ангажирање на надворешните засегнати страни за поддршка на процесот на дистанцирање. Затоа, ефективниот динамичен безбедносен пристап може да ја зголеми подготвеноста на СДНЕ да учествуваат во рехабилитацијата, како и поефективно да ги изработат програмите за рехабилитација заради повисокото ниво на доверба и споделувањето информации помеѓу затворските службеници и СДНЕ.

Новости

Практики поврзани со рехабилитација на затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ) разменети...

9-10 јуни 2020 година

Место : Онлајн

Втората регионална работна група за рехабилитација и дистанцирање од насилство на СДНЕ во регионот на Западен Балкан (ЗБ) се одржа преку интернет платформа на 09-10...

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото