Практики поврзани со рехабилитација на затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ) разменети помеѓу затворскиот персонал од регионот на Западен Балкан

9-10 јуни 2020 година

Место : Онлајн

Втората регионална работна група за рехабилитација и дистанцирање од насилство на СДНЕ во регионот на Западен Балкан (ЗБ) се одржа преку интернет платформа на 09-10 јуни 2020 година. Г-дин Џанлука Еспосито, раководител на Одделот за акција против криминал на Советот на Европа, ги поздрави учесниците од шесте корисници на ЗБ и ја истакна важноста од почитување на највисоките стандарди за професионални и човекови права при рехабилитација на затвореници насилни екстремисти и неопходноста од обезбедување холистички пристап во процесот на дистанцирање од насилство.

За време на состанокот, учесниците ги презентираа програмите за рехабилитација што се во фаза на развој и оние што во моментов се користат во регионот на ЗБ по корисник, заедно со предизвиците со кои се соочуваат вработените во затворот при примената на овие приоди во пракса. Како резултат, беа идентификувани позитивни аспекти на различните практики за рехабилитација, кои ќе послужат за да се трасира патот кон идентификување на поунифицирана рамка за рехабилитација и интервенција, погодна за целиот регион на Западен Балкан.

Сите учесници се согласија дека, иако се разликуваат според интервенциите кои ги користат, предизвиците остануваат исти и се фокусираат на мотивирање на ЗНЕ да учествуваат во рехабилитацијата, градење доверлива комуникација, прилагодување на интервенциите за најдобро да одговараат на индивидуалните потреби на сторителите и ангажирање на надворешни засегнати страни во поддршка на процесот на дистанцирање.

Оваа активност беше спроведена во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“ и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото