Скрининг и ПРП

Под оваа тематска област, акцијата се фокусира на скрининг, проценка на ризик и потреби (ПРП) и практики на распределба при справување со сторители на дела на насилен екстремизам (СДНЕ) преку обезбедување форум на кој корисниците ќе ги споделуваат своите искуства, добри практики, научени лекции низ целиот Западен Балкан и ќе ги збогатат своите знаења за стандардите на Советот на Европа и другите меѓународни стандарди. Врз основа на изработените трудови за добри пристапи, практики, идентификувани слабости и научени лекции, ќе се изработи заедничката рамка и методологија што треба да се применува низ целиот регион, јасно презентирајќи ги наодите и препораките за унификација на приодите.

Со оглед на тоа дека затворското опкружување може да биде потенцијална основа за радикализација на затворениците, се јавува потреба за правилен скрининг на општата затворска популација во однос на нивното однесување, дури и кога тие не се осудени за кривични дела поврзани со тероризам. Така, се појавува потреба за изработка и примена на специфични алатки за рана идентификација за проценка на нивото на радикализација и одговор на индивидуалните ризици и потреби со цел да се подготви соодветна програма за третман и рехабилитација, заснована врз индивидуалните потреби на осуденото лице, што ќе го отвори патот кон успешна реинтеграција во општеството.

Новости

Динамичка безбедност како предуслов за правилeн скрининг и проценка на...

1-3 декември 2020

Место : Онлајн

3-та Регионална сесија на работната група за скрининг и проценка на ризик и потребите (ПРП), кога станува збор за затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ) и радикализирани...

Сесија на регионалната работна група (РГ) за скрининг и проценка...

15-16 октомври 2019 година

Место : Подгорица, Црна Гора

Вкупно 18 затворски службеници и претставници на координативните тела за борба против насилниот екстремизам (БНЕ) од регионот на Западен Балкан ги разменија своите искуства и...

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото