Динамичка безбедност како предуслов за правилeн скрининг и проценка на затвореници насилни екстремисти

1-3 декември 2020

Место : Онлајн

3-та Регионална сесија на работната група за скрининг и проценка на ризик и потребите (ПРП), кога станува збор за затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ) и радикализирани затвореници во регионот на Западен Балкан, се одржа онлајн во периодот 01-03 декември 2020 година . На состанокот учествуваа мултисекторски профенсионалци од областа и имаа за цел, исто така, да се справат со практиките на распоредување на радикализираните затвореници во Западен Балкан.

Дискусијата се одвиваше околу предусловите, предизвиците и ресурсите за правилна примена на ЗНЕ-специфичен скрининг и ПНП инструменти и како концептот за Динамичка безбедност може подобро да ја олесни нивната употреба во контекст на затворите. За време на сесијата се  утврди дека овој концепт треба дополнително да се унапредува со развивање на соодветни политики и процедури и спроведување обука на персоналот, за да може подобро да се примени за поддршка на потребите за скрининг, проценка и распределба на ЗНЕ. Како резултат од средбата, ќе произлезат Заклучоци од дискусијата, со конкретни препораки, земајќи ги во предвид специфичните потреби на секој корисник и расположливите ресурси.

Сесијата беше организирана во форма на билатерални дискусии помеѓу консултантите на Советот на Европа и мултисекторските професионалци кои доаѓаат од регионот на Западен Балкан.

Активноста беше спроведена во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите во Западен Балкан кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот имструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022 “ и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото