Сесија на регионалната работна група (РГ) за скрининг и проценка на ризикот и потребите на сторителите на насилен екстремизам (СНЕ) во затвор

15-16 октомври 2019 година

Место : Подгорица, Црна Гора

Вкупно 18 затворски службеници и претставници на координативните тела за борба против насилниот екстремизам (БНЕ) од регионот на Западен Балкан ги разменија своите искуства и ставови за идентификација на затвореници насилни екстремисти (ЗНЕ), практики за скрининг и примена на алатки за проценка на ризиците и потребите во нивните затвори.

Дводневната сесија на РГ резултираше со размена на најдобри практики и научени лекции. Врз основа на овој резултат, треба да се изработи документ за дискусија за добрите пристапи и утврдените слабости, каде јасно ќе бидат презентирани  наодите и препораките за „идните чекори“ и поставување на заедничка методологија што ќе се применува низ целиот регион, што треба да се развие како следен чекор.

Средбата се одржа во Подгорица на 15-16 октомври 2019 година. Таа беше организиран во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите во Западен Балкан“, под капата на Програмата на хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022, финансирана од Европската унија и Советот на Европа и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото