Затворскиот персонал во Србија е опремен со Основната алатка за скрининг за идентификување на насилното екстремистичко однесување

Април, 2020

И покрај предизвиците што КОВИД 19 му ги наметна на секојдневниот професионален живот на затворските власти, Работната група (РГ) составена од претставници на Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, затворските управи и затворскиот персонал во Србија разви Основна алатка за скрининг за Идентификација на насилното екстремистичко однесување во затворите, со поддршка на еден меѓународен консултант.

Оваа алатка ќе ја зајакне професионалната проценка на управата и персоналот во затворот за карактеристиките на однесувањето и промените на затворениците подложни на радикализација и ќе овозможи навремено идентификување и спречување на несоодветно влијание од затвореници со екстремни идеолошки ставови. Тој посочува спектар на релевантни индикатори за однесување што треба да бидат прикажани по приемот на затвореникот и во текот на целата затворска казна и ќе се применуваат не само на лица осудени за активности поврзани со тероризам, туку и на општата затворска популација.

Оваа активност беше организирана во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“ и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото