Србија доби препораки за ефикасно спречување на радикализацијата и справување со насилниот екстремизам во затворите

29 јануари 2020 година

Место : Белград, Србија

Повеќе од 30 препораки во врска со јакнењето на српските пенитенцијарни капацитети за спречување и решавање на радикализацијата и насилниот екстремизам во затворите, беа изнесени на Тркалезната маса на 29 јануари 2020 година во Белград, организирана од Советот на Европа и поддржана од Министерството за правда на Република Србија.

Препораките што произлегоа од мисијата за утврдување на фактите на Советот на Европа во Србија, што се спроведе во ноември 2019 година, ја одразува потребата за надградба на стандардните оперативни процедури и развојот на специфични алатки за скрининг, за проценка на ризици и потреби и програма за рехабилитација за овој вид на сторители, кои од учесниците беа оценети како приоритетни потреби за кои треба да се добие техничка помош од Советот на Европа.

На тркалезната маса се собраа над 20 учесници од: затворските управи, припадниците на секторите за обезбедување, рехабилитација и третман, претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, граѓанскиот сектор и правосудството.

Оваа активност беше организирана во рамките на Регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети во справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“ што е кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 -2022 “и спроведена од Советот на Европа.

Оваа веб-страница е изработена со средства од Заедничката акција на Европската унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата искажани на неа го одразуваат мислењето на Европската унија или на Советот на Европа.

*Оваа назнака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Оградување - © Совет на Европа 2020 - © фото