Специфична проектна компонента за Албанија
Проектот ќе овозможи адаптација и оптимизација на инструментот за скрининг, инструментот за проценка на ризик и потреби и методологијата за рехабилитација наменета за осудени лица насилни екстремисти (ОЛНЕ) во согласност со потребите на затворскиот систем во Албанија, како и неговите корисници, како и обука на практичарите кои работат во затворите на кој начин да ги користат овие инструменти и методологија на дневна основа, вклучително и други корисници на локално ниво, кои се важни за реинтеграција и ресоцијализација на поранешните затвореници по нивното враќање во заедниците. Други потреби на затворскиот систем во Албанија се однесуваат на: развој на програми за обука на персоналот во управувањето со затворите, развој на методологија за проценка на ризикот и потребите на жените сторители, оперативни процедури за пред ослободување и подготовка за ослободување и слично потребите, ќе биде предмет на регионалната димензија на проектот заедно со предизвиците со кои се соочува мултиагенциската координација помеѓу различните актери, како и поддршката за затворениците во транзицијата помеѓу животот во затвор и животот во заедницата по завршувањето на затворската казна .