Специфична проектна компонента за Босна и Херцеговина

Проектот ќе и обезбеди на Босна и Херцеговина увид во најдобрите практики кога станува збор за ефективно спроведување на условно/предвремено ослободување, санкции и мерки за општествено корисна работа и ќе ги истражи можностите за примена на овие институции кога станува збор за насилни екстремистички затвореници, вклучително и женски престапници . Проектот ќе овозможи обука на повереници (ментори на затворени лица на условен отпуст/или оние на општествено корисна работа) за тоа како да работат со целни крајни корисници, а исто така проектот ќе обезбеди увид во најдобрите практики и модалитети за воспоставување на пробациска служба. Други предизвици со кои се соочува Босна и Херцеговина кои се однесуваат на: воспоставување на предуслови за континуирана обука на затворскиот персонал за управување со НЕЗ и радикализирани лица, структуриран пристап кон заштитата на менталното здравје на НЕЗ или затворениците склони кон радикализација поради нивната ранливост, подобрување на можностите и пристап до формално и неформално образование во рамките на затворскиот систем, повеќеагенциски пристап во обезбедувањето ефикасна поддршка на НЕЗ - зајакнување на соработката помеѓу затворите и локалните заедници со цел да се постигне ефективна рехабилитација, реинтеграција и ресоцијализација, ќе бидат темите на кои проектот ќе се занимава на регионално ниво.

This site is registered on wpml.org as a development site.