Само заеднички напори можат да ја спречат и да одговорат на радикализацијата и насилниот екстремизам

Добрата координација е од клучно значење за успехот на заедничките напори во спречувањето и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам. Корисниците од Западен Балкан (ЗБ), кои доаѓаат од министерствата за правда, пенитенцијарниот и пробацискиот систем и координаторите за спречување и справување со насилниот екстремизам, ја повторија својата посветеност на зајакнување на сигурноста и безбедноста во регионот на Западен Балкан, осврнувајќи се на постигнувањата на регионалната акција „Јакнење на соработката на Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по ослободувањето“, и едногласно го поддржаа шестмесечниот план за активности на проектот на вториот состанок на Управниот Одбор одржан на 17 октомври 2023 година во Скопје, Северна Македонија. Раководител на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, регионалниот советник за борба против тероризмот и безбедносните прашања на Западен Балкан од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, како и програмскиот менаџер од Европската комисија (ДГ НЕАР), ги поздрави членовите на Управниот одбор, како и набљудувачите, и повтори колку е важна улогата на пенитенцијарните системи во подготовката на осудените лица насилните екстремисти (ОЛНЕ)да се вратат во нормален живот по ослободувањето и локалната заедница, нагласувајќи ја важноста од соработката помеѓу пробациските служби и другите агенции и актери во процесот на подготовка на локалните заедници да прифатат поранешни осудени лица и да помогнат во нивната реинтеграција. Членовите на Управниот одбор ја искористија можноста да истакнат многу предизвици во областа на превенцијата и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам во затворската средина, меѓу кои се многу неопходни механизми за зајакнување на програмите пред-отпуст и излез за ОЛНЕ, како и механизмите за пост-пенална поддршка, подобрување на условите за холистички пристап кон превенцијата и борбата против радикализацијата и насилниот екстремизам. Проектот ќе се справи со овие предизвици заедно со корисниците, дополнувајќи ги напорите на другите меѓународни партнери во оваа област во Западен Балкан. Втората седница на Управниот Одбор беше организирана како дел од состанокот на Регионалната мрежа на национални координатори за борба против тероризмот и насилниот екстремизам (РННЦ) во Западен Балкан, како и регионалните состаноци на меѓународните партнерски организации ИОМ и ГИЗ.