Рехабилитација и реинтеграција на осудени лица насилни екстремисти и осудени лица изложени на ризик од радикализација: практичари од пенетенцијарните системи на Западен Балкан, социјалната заштита и другите професионалци се состанаа во Драч

Како да се одржи ефектот на добрата подготовка за отпуст на осудени лица насилни екстремисти (ОЛНЕ), ранливите и маргинализирани осудени лица изложени на ризик од радикализација по нивниот отпуст: ова беше главниот фокус на првата регионална конференција „Предизвици за обезбедување непречена транзиција затвор-отпуст на ОЛНЕ и други ранливи и маргинализирани осудени лица изложени на ризик од радикализација на Западен Балкан“ одржан на 22 јуни 2023 година во Драч, Албанија. Над четириесет професионалци од земјите-кориснички, кои ги претставуваат пенетенцијарните установи, секторите на социјална заштита, службите за образование за возрасни, агенциите за вработување, граѓански организации активни во С/БНЕ и пост-пенална помош на поранешни осудени лица, се запознаа со клучните пристапи и најдобрите практики во подготовката за отпуст на соодветните категории осудени лица во Холандија, Германија, Франција и регионот на Западен Балкан. Што подразбира квалитетна пред-отпустна програма; кои се најдобрите практики на програмите за отргнување од насилство во ЕУ; како професионалните/образовните или работните можности во затворите можат да поттикнат отргнување од насилство и да ги зголемат можностите за вработување по отпуст – беа само неколку од многуте прашања што беа дискутирани за време на настанот. За време на конференцијата, учесниците имаа можност да ги презентираат и дискутираат клучните предизвици со кои се соочуваат при подготовка за отпуст на осудените лица насилни екстремисти (ОЛНЕ), како и ранливите и маргинализираните осудени лица изложени на ризик од радикализација. Тие се согласија дека неопходните предуслови за квалитетна подготовка за отпуст вклучуваат темелна проценка на ризикот на осуденото лице, добро координација на различните засегнати страни кои ја поддржуваат социјалната реинтеграција по издржување на казната, ефективна и навремена размена на информации помеѓу нив и професионални, образовни или едукациски можности на осудените лица додека се во затвор, а кои може да ги подобрат можностите за вработување на осудените лица по враќањето во заедниците. Конференцијата беше организирана во рамките на регионалната акција „Зајакнување на соработката на Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по отпуст“ имплементирана во рамките на Фаза III на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција, кофинансирана од ЕУ и Советот на Европа, а спроведувана од страна на Советот на Европа.

This site is registered on wpml.org as a development site.