Обезбедување одржливост на процесот на спречување на радикализација и борба против насилниот екстремизам во затворите во Западен Балкан

На 5 -тиот Управен одбор (УО) на регионалната акција за „Зајакнување на соработката во Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по отпуст“, партнерите и корисниците ја потврдија својата заедничка посветеност за унапредување на одржливоста во напорите за борба против насилниот екстремизам и спречување на радикализацијата во затворите. За време на состанокот одржан во онлајн формат, корисниците од Западен Балкан (ЗБ), вклучувајќи претставници од министерствата за правда, затворските и пробациските системи и соодветните канцеларии за координација за борба против насилниот екстремизам (С/БПЕ), ги разгледаа достигнувањата на акцијата, разговараа за тековните предизвици и планираните активности и едногласно го поддржаа работниот план на проектот за следните шест месеци. Претставникот на Одделот за соработка во полицијата и лишување од слобода на Советот на Европа ги поздрави членовите на УО и нагласи дека безбедносните закани поврзани со тероризмот и насилниот екстремизам се сè уште присутни и ги повика членовите на Советот на Европа да останат будни и да продолжат со напорите за спречување и реагирање на овие закани. Покрај тоа, тој повтори дека Советот на Европа ќе продолжи да ги поддржува корисниците во регионот преку подобрување на капацитетите на затворите и обезбедување на потребни алатки за ефикасно справување со дерадикализацијата, рехабилитацијата и реинтеграцијата на осудените лица насилните екстремисти (ОЛНЕ). Оваа поддршка, исто така, вклучува зајакнување на капацитетите на човечките ресурси на професионалците кои работат не само со оваа специфична група затвореници, туку и со оние кои се ранливи на радикализација. Претставничката на Европската комисија (ГД ЕНЕСТ) им посака добредојде на членовите на УО и ја нагласи важноста на подготовката на осудените лица насилни екстремисти (ОЛНЕ) за реинтеграција во нивната локална заедница и општество по нивниот отпуст. Таа ја истакна важноста на соработката меѓу казнено-поправните служби и другите агенции и засегнати страни во подготовката на локалните заедници да ги прифатат поранешните осудени лица и да ја поддржат нивната реинтеграција. Дополнително, таа ја потврди континуираната поддршка на ЕУ за регионот на Западен Балкан во нивните континуирани напори за спречување и борба против насилниот екстремизам. Членовите на УО од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово * , Црна Гора, Северна Македонија и Србија ја нагласија исклучителната соработка со Советот на Европа, резултатите постигнати досега и ја повторија својата посветеност за понатамошно зајакнување на безбедноста и сигурноста во регионот на Западен Балкан. Понатаму, учесниците ги истакнаа тековните предизвици во спречувањето и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам во затворската средина, особено потребата од зајакнување на меѓуинституционалната соработка и во подготовката за отпуст и по враќањето на ОЛНЕ во локалната заедница и општеството. Тие нагласија дека само преку координирани напори меѓу сите релевантни институции може да се постигне успешна рехабилитација и реинтеграција на оваа категорија осудени лица, и намалување на рецидивизмот. Членовите на УО се согласија да обезбедат одржливост на досегашниот напредок и да работат заедно за интегрирање на специфичните алатки и програмите за ОЛНЕ, развиени во рамките на Акцијата, во националните регулаторни рамки. Регионалната акција ќе продолжи да ги поддржува корисниците во Западен Балкан во нивните напори за зајакнување на безбедноста и сигурноста во регионот преку подобрување на управувањето, рехабилитацијата, подготовката пред отпуст и пост-пеналната поддршката на ОЛНЕ и други маргинализирани и ранливи осудени лица кои се изложени на ризик од радикализација. Управниот Одбор беше организиран во рамките на регионалната акција за „Зајакнување на соработката во Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по отпуст“, имплементирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален механизам за Западен Балкан и Турција“.