Северна Македонија: програмите за подготовка за отпуст се камен-темелник за успешна рехабилитација на осудените лица насилни екстремисти
Работната група (РГ) составена од претставници на Управата за извршување на санкции и затворски професионалци од четири казнено-поправни установи (Идризово, Штип, Скопје и Куманово) разговараше за прашања поврзани со успешното отргнување, рехабилитација и реинтеграција на осудените лица насилните екстремисти (ОЛНЕ). Членовите на РГ ги идентификуваа главните предизвици кои се однесуваат на управувањето со рехабилитацијата на ОЛНЕ и нивната транзиција од живот во затвор во живот во заедницата, на првиот состанок на РГ на проектот одржан на 29-30 јануари 2024 година во Скопје, Северна Македонија. Учесниците научија за добрите ЕУ практики во спроведувањето на програмите за рехабилитација на осудените терористи, релевантните стандарди и препораките на Советот на Европа поврзани со работата со ОЛНЕ и заштитата на нивните права. Членовите на РГ заклучија дека ефикасната и ефективна подготовка за отпуст во комбинација со повеќеагенциската соработка е камен-темелник на успешна и ефективна рехабилитација на оваа категорија затвореници по нивниототпуст и враќање во локалната заедница. Врз основа на дискусиите, беше предложено Нацрт-скицата на програмата за подготовката за отпуст, како рамка дополнително дасе развива од корисниците во Северна Македонија со поддршка на Советот на Европа. Активноста се одвиваше во рамките на специфичната компонента на корисникот на акцијата „Зајакнување на соработката во Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по отпуст“, спроведена под покровителство на Програмата за Хоризонтална помош и нејзината трета фаза, ко -финансиран од ЕУ и СЕ и имплементиран од Советот на Европа.