Соработката на целото општество, клучна за рехабилитација и реинтеграција на насилни екстремистички затвореници и осудени лица во Западен Балкан

Корисници и јавни актери од целиот Западен Балкан се собраа во Драч / Албанија за да ги дефинираат резултатите од зајакнатата прекугранична соработка во управувањето со насилни екстремистички затвореници и осудени лица, на дводневна конференција организирана со поддршка на ЕУ и Советот на Европа. Експертиет и практичарите од Западен Балкан, земји-членки на ЕУ, меѓународни партнери, како и претставници на затворските и пробациските служби, релевантни министерства, организации на граѓанско општество и верски заедници, имаа можност да разменат добри практики, да дискутираат за новите предизвици и да идентификуваат ефективни заеднички пристапи за рехабилитација и реинтеграција на осудени лица насилни екстремисти  и осудени лица (ОЛНЕ/НЕЗ), како и на други затвореници подложни на радикализација. Учесниците нагласија дека одржливата рехабилитација и успешната реинтеграција може да се постигнат само преку континуирана меѓуинституционална соработка, координирани интервенции и активно вклучување на локалните заедници. Повторија дека сеопфатниот пристап на „целото општество“ е клучен за намалување на рецидивизмот, спречување понатамошна радикализација и поддршка на долгорочната безбедност и отпорност на заедницата. Ова вклучува јасно дефинирани улоги и одговорности за сите релевантни актери во обезбедувањето поддршка по отпут, како и воспоставени механизми за споделување информации и меѓуинституционална соработка. Во овој контекст, зајакнувањето на капацитетите на сите релевантни институции и засегнати страни е од суштинско значење за ефективна рехабилитација и реинтеграција. За време на дискусиите, учесниците дополнително ја потенцираа важноста на систематското следење на напредокот на рехабилитацијата и реинтеграцијата, за да се обезбеди континуитет, одговорност и ефективност на интервенциите. Посебен сегмент од конференцијата беше посветен на родовиот аспект на радикализацијата, со анализа на улогата на жените во екстремистичките организации, пристапите чувствителни на родот во рехабилитацијата, и научените лекции од работата со жени повратнички во Западен Балкан. Заклучоците од конференцијата претставуваат основа за подобрување на пристапот на “целото општество” кон НЕЗ/ОЛНЕ во регионот, зајакнување на напорите за рехабилитација и реинтеграција и намалување на ризикот од рецидивизам. После конференцијата се одржа 7-та Седница на Управниот одбор на регионалната акција „Јакнење на соработката на Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување понатамошна радикализација по ослободувањето“, каде претставници на корисниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ја потврдија вредноста на континуираната соработка со Советот на Европа, ги согледаа главните постигнувања и дискутираа за приоритетите што бараат натамошна поддршка во областа на С/БНЕ во регионот. Овие активности беа организирани во рамките на регионалната акција “Јакнење на соработката на Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување понатамошна радикализација по ослободувањето”, како дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – Horizontal Facility III.   *Оваа ознака не го нарушува статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на СБ на ООН и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.