Властите во Северна Македонија ги унапредуваат своите вештини за поддршка на осудени лица насилни екстремисти за време на подготовката за и по отпуст

Клучен елемент за ефективна реинтеграција на осудени лица насилните екстремисти (ОЛНЕ) и другите осудени лица склони кон радикализација е ефикасната меѓуинституционална соработка. Во напорите за спречување и справување со насилниот екстремизам во согласност со европските стандарди, ЕУ и Советот на Европа им даваат поддршка на затворите и релевантните локални институции во Северна Македонија за зајакнување на нивните капацитети и, воедно, за унапредување на меѓуинституционалната соработка во однос на ефикасниот третман на ОЛНЕ. По изработката на чекор-по-чекор процедурите за процесите пред и по отпуст на ОЛНЕ и другите осудени лица ранливи на радикализација, во Скопје беше организирана активност за градење на капацитетите со затворскиот персонал, членовите на локалните мултидисциплинарни тимови (служби за вработување, образовни и здравствени центри), органите за спроведување на законот и пробациските канцеларии. Учесниците се запознаа со чекорите што треба да ги преземат затворите и другите релевантни институции во подготовката на осудени лицате за отпуштање и по нивниот отпуст. Ова ги вклучува клучните улоги и одговорности на затворскиот персонал, како и информациите што треба да се споделуваат меѓу институциите и можната улога на организациите на граѓанското општество во фазата по отпуст. Преку практична вежба, учесниците го зголемија своето разбирање за улогите и процедурите што се применуваат во секоја институција и ги унапредија своите вештини за подготовка на индивидуалниот процес пред отпуст и на планот за поддршка по отпуст. Посебен фокус беше ставен на подготовката на завршната проценка на ризикот и потребите пред отпуст, како и на размената на информации и соработката меѓу релевантните институции уште од самиот почеток на процесот пред отпуст. За првпат, персоналот на Пробациската служба ја подигна својата свест за насилниот екстремизам, предизвиците и добрите практики во рехабилитацијата и реинтеграцијата на ОЛНЕ и другите осудени лица склони кон радикализација. Ова е важен прв чекор во подготовката на пробацискиот персонал за потенцијално управување со насилни екстремистички сторители, доколку во иднина бидат осудени на алтернативни мерки наместо казна затвор. Обуката беше организирана од страна на регионалната акција под покровителство на третата фаза од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турија“.