Затворските и пробациските служби низ Западен Балкан ги прифатија алатките за справување со радикализзцијата и насилниот екстремизам

Алатките и програмите, специјално наменети за идентификување и спречување на радикализацијата во затворите и да им помогнат на поединците да се отргнат од употребата на насилство, се покажаа како многу ефикасни во Западен Балкан. Персоналот во затворите ја препознава нивната сигурност во идентификувањето, дијагностицирањето и помагањето во процесот на рехабилитација на осудените лица насилни екстремисти (ОЛНЕ) во Западен Балкан. Ова беше еден од клучните заклучоци од 3-та регионална конференција „Наоди и препораки од пилотирањето на специфичните алатки и програми за ОЛНЕ и идни активности во Западен Балкан“, што се одржа во Будва, Црна Гора, на 3-4 јуни. Конференцијата, организирана со поддршка на ЕУ и Советот на Европа, им овозможи на професионалците од затворите и пробацијата од земјите-кориснички на Западен Балкан да разменат искуства и да дискутираат за најдобрите регионални практики поврзани со пилотирањето на специфичните алатки за ОЛНЕ и примената на пристапи за рехабилитација и пред-отпуст, на кои учествуваа повеќе од 700 осудени лица. Пилотирањето на алатките за ОЛНЕ беше спроведено од повеќе од 60 професионалци, помеѓу средината на август 2024 и март 2025 година, при што беа прикажани силните страни, но исто така беа откриени и ранливостите на казнено-поправните системи во процесот на справување и рехабилитација на радикализирани и насилни екстремисти осудени лица, како и други осудени лица кои се изложени на ризик од радикализација. Ова ги вклучува ограничувањата и можностите на постојните системи за пост-пенална поддршка за оваа група осудени лица. Учесниците се согласија за вредноста на клучните инструменти и пристапи за рехабилитација, нагласувајќи ја потребата да се обезбеди нивна интеграција во домашните законски рамки што би ја наложиле нивната употреба во пракса. Покрај тоа, тие ја препознаа потребата од континуирана обука на персоналот, неопходност за нејзино одржливо спроведување и се залагаа за развој на специфично следење и евалуација што емпириски би го следеле влијанието на овие алатки и методи, овозможувајќи нивна оптимизација кон крајните корисници. Регионалната конференција беше организирана од регионалната акција „Зајакнување на соработката во Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по отпуст“ преку заедничка поддршка на ЕУ и Советот на Европа, под покровителство на третата фаза од програмата Хоризонтален механизам.